Познатиот кавадаречки хуманист Борче Стаменов од невладината организација ,,Донирај компјутер” утринава станал татко. Радосната вест ја објави на социјалните мрежи, откривајќи дека со сопругата Оле Плачкова ја добиле ќерката Каја.
Инаку, Стаменов вчера во разговор за Викимедиа раскажа дека со нетрепние го чека раѓањето на своето прво дете, и откако стапил во брак, пред помалку од една година, новото животно поглавје му донело и нов поглед на се околу него.
Раскажа дека продолжува со донациите на компјутери и продолжува да помага, но се трудел најголемиот дел од времето да го посвети на семејството.
На 26-ти август во Собранието на Борче ќе му биде врачена наградата Мајка Тереза, со која се оддава признание за хуманоста и човечката солидарност.
Во 2023 година пак, Стаменов ја доби државната награда „Мето Јовановски”, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
В.К.

