Завчера и официјално беше завршена постапката за примопредавање меѓу директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Никола Додов, и директорката на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска.
Со овој чин, Фондот и формално ја завршува својата мисија како правен субјект и го отстапува местото на ИНОВА – новата институција која ќе биде двигател на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото во земјава.
-Со овој чекор не згаснува духот на иновациите, туку добива нов облик, нова енергија и посилна институционална структура – прилагодена на современите европски стандарди.
ИНОВА претставува нова можност за изградба на систем што ќе биде вистински партнер на сите што создаваат, истражуваат, развиваат и инвестираат во иднината.
Никола Додов изрази целосна поддршка за визијата што стои зад ИНОВА – институција со стабилен капацитет, транспарентно управување и јасно поставени приоритети, која ќе испорачува конкретни резултати и ќе биде вистински сервис на иновациската и претприемничката заедница, порача Додов.
Тој истакна дека пред Македонија се големи предизвици, но и уште поголеми шанси да се изгради модерен, ефикасен и европски систем кој не само што поддржува – туку вистински создава иднина.
Деск

