Со откривање на муралот „Бушава азбука“ во 10:30, ја започнуваме прославата по повод 40 години од легендарната серија. Те чекаат забавно-образовни активности за деца, а за возрасните музички сет на диџеј Vishko.
На публиката, за првпат, ќе ѝ ја прикажеме шпицата за новата анимирана серија „Буквождер“, информираат од ,,Види вака раскажувачко студио”.
-Покрај подароци за најмладите, ќе ги претставиме и првите лиценцирани производи под брендот „Бушава азбука“. Преку кампањата „Време е за Бушавата азбука“, со донација ќе можете да станете сопственици на дел од овие производи и директно да помогнете во оживувањето на новите содржини.
Агенда е следна:
10:30 — Најава на јубилејот и претставување на проектите под брендот „Бушава азбука“.
10:45 — Премиера на шпицата за новиот цртан филм „Буквождер“ и најава на кампањата за донации
За секоја донација следуваат подароци од првите брендирани производи на „Бушава азбука“.
11:20 – 13:00 — Активности за деца:
• Бушав подарок за секое дете
• Боење на буквите од „Бушава азбука“
• Цртање стенсили со спреј
• Боење букви на лице
11:20 – 13:00 — Музички сет: Диџеј Vishko
Настанот е организиран од Види вака раскажувачко студио, а изработката на муралот е поддржана од Општина Центар.
Деск

