Јас не доаѓам да владеам, туку да служам. Ова не е политичка битка. Ова е граѓанска обврска, вели во своето видео обраќање Венко Крстевски, актуелниот в.д. градоначалник на Општина Кочани, која ја најави својата независна кандидатура за градоначалник на општината на претстојните избори.
Тој е на функцијата в.д. градоначалник од 14-ти април, а во својата објава вели дека за четири месеци направил многу.
-Заслужуваме безбедено, чисто и модерно Кочани — град кој ќе се развива со срцето на Европа, но управуван од волјата на сопствените граѓани. Во изминатите четири месеци, иако кратки, направивме многу. Но уште поважно, покажавме дека кога постои волја, постојат и решенија. Ова е првото лето кога депонијата не гори. Ова е првото лето кога Кочани не дише пластика. Тоа не е случајност. Тоа е резултат на работа, храброст и одлуки.
Остварив и значајни дипломатски средби со амбасадори, кои ќе бидат нашите партнери и поддржувачи во обновата на Кочани, град што премногу долго беше занемарен и уништуван. Последиците од тоа ги осетивме сите. Јас не ветувам чуда. Јас покажав резултати. Во најтешките моменти бев тука. Не пред камерите, туку пред народот, лице в лице, без страв и без калкулации. Јас не доаѓам да владеам, туку да служам. Ова не е политичка битка. Ова е граѓанска обврска, порача Крстевски.
Пред неговото стапување на функција во април градоначалник на Кочани беше Љупчо Папазов, кој поднесе оставка еден ден по катастрофалниот пожар во Пулс, и е еден од обвинетите за настанот во кој загинаа 62 младинци, а повеќе од 200 беа повредени.
Деск
Јас не доаѓам да владеам, туку да служам: Крстевски ја објави кандидатурата за градоначалник на Кочани
2 Mins Read
Previous ArticleХарис Џиновиќ бесплатно ќе пее на Тиквешки гроздобер, оти многу го засакал Кавадарци!
Next Article Мицкоски: СДСМ ја уништија и сопствената партија!

