Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, утринава јавно им се заблагодари на сите вработени во Јавното претпријатие Комуналец, бидејќи за само неколку часа темелно го исчистиле Градскиот стадион, каде синоќа настапуваше балканката музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ.
Како што објави градоначалникот, локацијата била до толку исчистена, како таму да немало повеќе од 50.000 посетители претходната ноќ.
Вчера пак, пред доаѓањето на Цеца во градот, каде беше главна музичка гостинка на општинската манифестација, Митовски за ВИКИМЕДИА изјави дека очекува околу 30.000 посетители на концертот. Но, поради голем интерес од јавноста за гостувањето на Ражнатовиќ, таа бројка била надмината.
Покрај Цеца, вчера требаше да настапи и Мирза Селимовиќ, но неговиот настап беше откажан неколку часа пред почетокот на концертот поради здравствени причини.
Наместо него, настапи Дејан Петровиќ и Биг Бенд, а на сцената се појавија и Мики Секуловски и Никола Станишиќ, како и Диџеј Галоски.
Деск

