Полициски службеници спасија две лица од Преспанското езеро кои бараа помош, информираат од Министерството за внатрешни работи. Станува збор за двајца битолчани, кои се ноаѓале во чамец.
-Во 14:33 часот од страна на Центарот за управување со кризи Битола во ОВР Ресен било пријавено дека во Преспанско езеро помеѓу с. Стење и с. Коњско, ресенско имало лице со чамец кое барало помош.
Од страна на полициски службеници од полициската станица Стење безбедно се извадени две машки лица Ф.И.(27) и С.С.(75) двајцата од Битола и истите се во добра здравствена состојба, соопштија од МВР.
Деск

