Министерството за внатрешни работи е домаќин на Регионалната обука за распоредување на службени кучиња во тешко пристапни терени – дел од проектот за намалување на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој додава дека настанот не е само стандардна професионална обука, туку пример за успешна меѓународна соработка и партнерство засновано врз доверба, заеднички цели и посветеност кон зголемена безбедност на локално, регионално и глобално ниво.
-Службените кучиња не се алатка, туку партнери и дел од полицијата, кои со својата обученост имаат непроценлива улога во спасувањето на животи. Вложувањето во нивните капацитети е вложување во поголема безбедност за сите нас.
Пред единаесет месеци од истово место бевме сведоци на почеток на работата на Регионалниот К9 центар за обука и сертификација, значаен дел од целокупниот систем на безбедност како на оперативно, така и на стратешко ниво. Во изминатата речиси една година центарот беше домаќин на голем број на работилници, обуки и тренинзи.
Нашата визија и цел за иднината на овој центар е истиот да прерасне во реномиран регионален центар во областа на зајакнување на капацитетите на агенциите за спроведување на законот, преку современи обуки и пренос на експертиза во користење на службените кучиња.
Искрено им се заблагодарувам на меѓународните партнери, Мисијата на ОБСЕ, донаторската заедница и сите учесници за поддршката и заедничката работа. Ние остануваме цврсто посветени на градење безбеден систем кој е гаранција за сигурноста на граѓаните и напредокот на нашата држава, истакна министерот.
Деск
Тошковски: Службените кучиња се партнери и дел од полицијата кои имаат непроценлива улога во спасувањето на животи!
2 Mins Read
Previous ArticleИзгореа градина, овоштарник и лозје на две жени од Кавадарци

