Популарниот бенд ,,Црвена јабука” доаѓа во Скопје, и ќе одржи јубилеен концерт по повод четири децении на сцената. Настанот ќе се одржи на 29-ти ноември во Арена Борис Трајковски, а влезниците веќе се пуштени во продажба. Цените се движат од 600 до 1.500 денари, а пак ВИП пакетите со четири влезници и шише алкохолен пијалок се движат од 8.500 до 12.000 денари.
Од организацијата на настанот најавуваат повеќе од три часа забава со најголемите хитови на бендот, многу специјални гости, како и посебен подарок за најверните фанови.
Во склоп на јубилејната турнеја групата ќе одржи концерти и во Загреб, Сараево, Љубљана, Минхен, Стокхолм и други европски градови.
Деск

