По јавните реакции на жители на Неготино, од општината информираат дека наредната недела ќе се започне со обележување на пешачките премини во градот. Реакциите беа првично наменети за пешачките премини во близина на основните училишта и во близина на средното училиште, бидејќи се клучен елемент за заштита на пешаците, а се речиси целосно избледени.
-Во тек на наредната недела ќе започне акцијата за обележување на пешачките премини. Свесни сме дека обновената и јасно видлива сигнализација придонесува за зголемена безбедност на пешаците, посебно во близина на училиштата, за ВИКИМЕДИА потврди градоначалникот д-р Горан Стојанов.
Додава дека сумата која на годишно ниво ја одвојува општината од буџет, за обележување на сите пешачки премини во градот, изнесувала околу 24.000 евра.
Вели дека е свесен за реакциите на граѓаните, бидејќи неретко се случува бојата за кратко време да избледи, па затоа сега, на стартот на училишната година, пешачките премини повторно ќе биле обележани.
Инаку, деновиве започна кампањата ,,Да ги заштитме децата во сообраќајот” зад која стојат Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и Министерството за внатрешни работи, во чиј склоп ќе започнат превентивни активности, а ќе се одржат и предавања во училиштата.
Вики Клинчарова
По реакции на граѓаните, наредната недела во Неготино ќе започне акција за обележување на избледените пешачки премини кај училиштата
1 Min Read
Next Article СДСМ објави нови тројца кандидати за градоначалници

