„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, режисерката двојно номинирана за „Оскар“ е откупен од National Geographic Documentary Films, еден од најреномираните светски дистрибутери на документарни остварувања, соопшти Министерството за култура.
Филмот годинава ја доби „Наградата на Музата“ за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција, предизвика овации на преполните проекции во Торонто, а стана и македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар интернационален филм. Ова е прв пат во историјата на македонскиот документарен филм да биде откупен од овој светски канал.
Откупот од National Geographic Documentary Films значи дека „Приказната за Силјан“ станува дел од глобалниот каталог на еден од најреномираните дистрибутери на документарни филмови во светот.
Деск
Приказната за моќта на тивката поврзаност помеѓу Силјан и Никола го освојува светот!
1 Min Read
Previous ArticleМакедонската полиција се ребрендира: Модерни униформи по европски терк за полицајците!
Next Article Концерт во чест на Влада Дивљан во Скопје

