Тројца планинари од Белгија во близина на село Новак биле нападнати од овчарски кучиња, и бегајќи се качиле на столб од мобилна телефонија, од каде подоцна ги спасил полициски тим.
Информацијата ја потврди Министерството за внатрешни работи.
-На 22.09.2025 во 19:13 часот во ОВР Дебар е примен повик за помош од страна на белгиски државјани кои планинареле во планинскиот појас над Дебар, но биле нападнати од кучиња. Констатирано е дека тие се наоѓаат во близина на селото Новак, општина Центар Жупа, по што полициски тим со теренско возило веднаш се упатил кон селото, каде заедно со ловочуварот од селото Новак ги пронашле тројцата планинари, белгиските државјани Л.М.(42), М.Л.К.(62) и Ј.Ј.(41), кои бие безбедно пренесени до нивното моторно возило.
Тие појасниле дека откако поставиле камп шатор, биле нападнати од овчарски кучиња, а бегајќи се качиле на столб за мобилна телефонија. Лицата биле во добра здравствена состојба, без повреди, соопштија од МВР.
Деск
Планинари бегале од овчарски кучиња, па се качиле на столб за мобилна телефонија и чекале помош!
1 Min Read
Next Article Вук Костиќ и Слобода Миќаловиќ доаѓаат во Скопје

