Со големо задоволство, денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов го пуштивме во употреба новиот затворен базен во Штип, соопшти министерот за спорт, Борко Ристовски.
Тој појаснува дека станувало збор за еден од базените кои пред повеќе години биле оставени недовршени, и за кои ветил дека ќе ги стави во функција на граѓаните.
-На почетокот на годината ветив дека ќе ја завршиме нивната изградба и ќе ги ставиме во функција на граѓаните – денеска тоа ветување стана реалност
По базенот во Кисела Вода, сега и граѓаните на Штип добиваат современ спортски објект, а во следниот период ќе бидат финализирани и базените во Кичево, Битола и во Ѓорче Петров.
Инвестицијата за овој проект изнесува 46.735.815 денари со ДДВ.
Спортската инфраструктура е основа за развој на спортот и за подигнување на здрави генерации – продолжуваме со работа и реализација на капитални проекти, истакна министерот.
Деск

