Популарната српска пејачка Марија Шерифовиќ одржа концерт во Силвердоме, во близина на Хаг, Холандија, во саботата вечерта, а истиот изнервирано го прекинала среде песна. Како што објавија српските медиуми, причина за прекинот на концертот било тоа што во салата Силвердоме, позната по врвна сценска опрема и модерни визуелни ефекти, организаторите дозволиле да се продаваат ќебапи за публиката.
Тоа ја навредило Шерифовиќ, која од бината им се обратила со зборовите – Застанете луѓе, какви ќебапи? Па ова е концерт! Навистина ли некој продава ќебапи? Каде? Кај тоалетот?! Сјајно! Браво за организаторите, веќе ме задуши мирисот на кромид, преку микрофонот налутено порачала пејачката.
Инаку, нејзиниот концерт во Холандија беше долго најавуван под мотото ,,Нека пее срцето”. Влезниците се продаваа онлајн по цена од 55 до 65 евра, плус 10 евра за паркинг пред концертната сала. Со неа настапи бендот на Зијо Валентино.
Пред три недели таа гостуваше и во Македонија и беше главна музичка ѕвезда на манифестацијата Тиквешки гроздобер во Кавадарци, каде привлече огромен број на публика од сите краеви.
Деск
Шерифовиќ се изнервирала од организаторите, па го прекинала концертот во Холандија
1 Min Read
Previous ArticleПретседателката демантира дека позирала покрај восочни фигури на Трамп и Меланија: И за Заеви беа актуелни слични тврдења!
Next Article Бутел ќе добие нова, современа поликлиника

