Популарниот фолк пејач Јордан Митев и неговата сопруга Славица, вчера по вторпат станаа родители. На синот, кој се родил на празникот Крстовден, му го дале името Кристијан, а убавата вест пејачот ја сподели на социјалните мрежи.

Пред неполни две години парот го доби своето прво дете, ќерката Кристина. За сопругата пак, која ја запознал на турнеја во Австралија, неретко раскажува дека е неговата најголема животна поддршка и во брак се околу девет години.
Инаку, Митев е еден од најангажираните домашни пејачи, не само во земјава, туку и во дијаспората каде ги полни салите со посетители. Тој е веројатно и првиот пејач кај нас, кој уште на лето го закажал својот новогодишен настап, кој ќе се одржи во Швајцарија.
Деск

