На 26.09.2025 во 19.40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.В.(54) од Кавадарци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека кавадарчанецот се сомничи дека од 50 – годишна жена со престој во Струмица барал да му даде пари, во спротивно ќе објавел нејзини видеа со експлицитна содржина.
-По пријавениот настан и направени консултации со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, жената остварила средба со З.В., на кого му дала пари, кои претходно биле обележани.
Веднаш по средбата, З.В. е лишен од слобода и непосредно до него биле пронајдени обележаните парични средства, кои ги фрлил во момент кога му пристапиле полициските службеници.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава, информираа од полицијата.
Деск
Маж од Кавадарци уапсен во Струмица: Барал пари од жена, за да не објави нејзини експлицитни снимки!
1 Min Read
Previous ArticleНа полноќ започнува изборната кампања, буџетот за одржување на изборите е 9.760.000 евра!
Next Article НОБ ја отвора сезоната со ,,Реквием” на Моцарт

