Со „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт, на трети октомври со почеток во 20.00 часот, Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона 2025/2026.

„Реквием“ е последното и недовршено дело на Моцарт, создадено во последните месеци од неговиот живот и обвиено со мистерија и легенди. Делото претставува музичка исповед, исполнета со драматични контрасти – од тивките молитвени моменти до експлозивните хорски сцени. Неговата длабока емоционалност и духовност ја водат публиката од болка и тага кон надеж и вечност.
Во солистичката постава ќе настапат: Биљана Јосифов (сопран), Николина Јаневска (мецосопран), Јане Дунимаглоски (тенор) и Владимир Саздовски (бас). Заедно со оркестарот и хорот на Националната опера и балет. Изведбата на делото ќе биде под диригентската палка на истакнатиот италијански диригент, Џанлука Мартиненги.
Деск

