Започната е донаторска кампања за помош на младиот студент Спасение Анчески, и истата е објавена на еCrowd – првата краудфандинг платформа во Македонија за граѓанските организации.
За шанса за успешно закрепнување на момчето кое треба да го продолжи лекувањето во Загреб биле потребни 1.800.000 денари.
-Нашиот студент по медицина Спасение Анчески од Скопје, се соочува со сериозна здравствена состојба: акутна миелоидна леукемија (АМЛ). Првата хемотерапија која ја прими во Македонија, за жал, не даде посакувани резултати.
Поради тоа, потребно е да го продолжи своето лекување во Загреб, каде што има можност за понатамошен третман и поголеми шанси за успешно закрепнување. Во овој момент, му е неопходна финансиска поддршка.
Секој Ваш придонес, без разлика на износот, претставува огромна помош за него и неговото семејство во овие тешки моменти. Да останеме обединети во хуманоста и да помогнеме таму каде што е најпотребно, порачаа од платформата.
Хуманите граѓани и општествено-одговорните компании кои се во можност да помогнат, можат да донираат на следниот линк:
https://ecrowd.mk/projects/0f60f701-de12-470e-8440-2dd5f1da4470?fbclid=IwY2xjawNIoXVleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFLYmJnM1I2eU1Ua2hXdVVrAR6PAdJXgaSjl4qMH97GuxHq8euCK2pfDKnG-yNL2BysCE2FHPYrnn4xI7xPjg_aem_bfjiJxOaUc1URUYqmVVc6w
Деск

