Професорот Маријан Стевановски, татко на музичарот Филип Стевановски, кој беше дел од тимот на ДНК и го изгуби животот во пожарот во Пулс во Кочани, напиша монографија за него.

-Денес излезе од печат монографијата што ја напишав за мојот прерано починат син Филип Стевановски. Истата ќе биде промовирана на Џез Фестивал Куманово 2025 година, кој ќе се оддржи во Занаетчиски дом Куманово на 14-ти и 15-ти октомври 2025 година.
Првата вечер на 14.10.2025 година ќе биде посветена на Филип Стевановски, презентација на монографијата, документарен филм и изведување на авторски композиции од голем број изведувачи со кои Филип има соработувано во својата кариера.
Втората вечер на 15.10.2025 година е интернационална џез вечер на која ќе земат учество три џез музички состави и тоа: FISH IN OIL (Република Србија), 3D PROJECT (Република Македонија), OLIVER DUEV TRIO (Република Македонија).
Влезот е слободен, а фестивалот има хуманитарен карактер, посветен на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани, објави таткото на Филип.
Филип Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, Магистер по џез науки. Свиреше клавијатури како дел од бендот на ДНК ноќта на 16-ти март, кога се случи трагедијата.
Деск

