Лидл го препозна квалитетот на македонските производи, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој открива дека македонски производи ќе се најдат на полиците на познатиот трговски ланец на маркети.
-Министерството денеска беше место каде што се сретнаа претставниците на Македонската асоцијација на земјоделски задруги (МАЗЗ), Мрежата на земјоделски задруги (МЗЗ) и Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) со претставниците на светскиот трговски синџир Лидл.
Партнерството ќе отвори нови можности за домашните производители, македонските производи да го добијат заслуженото место на нивните полици, соопшти Трипуновски.
Македонските Лидл маркети се дел од големиот синџир маркети на оваа светска компанија за малопродажба на храна, која во 32 земји и 11.000 продавници има вработено околу 350.000 лица. Лидл ќе има маркети во Скопје, Битола, Кавадарци, Штип, Кичево, Тетово, односно на повеќе локации во земјава.
Деск

