Две жени на возраст од 38 години од Општина Неготино, во раните утрински часови биле приведени во близина на Башино Село, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес. Како што информираат од полицијата, кај нив била пронадена бела прашкаста материја.
-На 01.10.2025 во 02:50 часот во близина на село Башино Село, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода 38-годишната А.Ј.Д. од село Тремник, неготинско и 38-годишната Е.В. од Неготино, затоа што кај нив е пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Тие се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, истакнаа од СВР Велес.
Деск

