Поранешниот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица прославиле 25-годишнина од бракот. Фотографии од одбележувањето на Сребрената свадба на социјалните мрежи објави нивната ќерка Александра, а на истите Заев позира со пехар со натпис ,,25 години издржливост”.
Пред да стапат во брак, тие биле шест години во врска, а во постаро интервју Зорица ни раскажа дека по сите години поминати заедно, тие изградиле взаемна доверба, а паралелно со довербата, изградиле и заштитен штит од сите надворешни влијанија.

Раскажа и дека потекнува од работничко семејство, во кое родителите ги одгледале неа и сестра и со две просечни македонски плати. Со Зоран се знаеле од деца, и со тек на време, познанството им прераснало во љубов и сериозна врска во 1995 година, при крајот на средното образование.
Од бракот тие ги имаат ќерката Александра и синот Душко.
В.К.

