Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025 и сподели искуство од пред дваесеттина години, кога подготвувал докторат.
-Кога надвор од земјата го подготвував докторатот пред едно 20 години и повеќе и кога го подготвував експерименталниот дел од докторатот, тогаш за прв пат почнавме да применуваме алгоритми од вештачка интелигенција. Тогаш имаше три невронски мрежи, генетски алгоритми и фази логика. Јас одбрав да ја користам фази логиката како алгоритам, за да управувам манипулациони роботи во технолошки процес.
И во тоа време тоа претставуваше озбилен, сериозен предизвик за мене како млад стипендиста којшто ја напушти Македонија и гладен за знаење отишол надвор од државата. Кога се вратив желба ми беше тоа знаење да го пренесам на студентите. А денеска како претседател на Владата, желба ми е како држава и како влада да бидеме најдобри во регионот, и јас сум убеден дека до крајот на овој мандат тоа и ќе го направиме, порача Мицкоски.
Помеѓу другото, тој кажа дека дигитализацијата е нашиот мост кон Европа и штит против корупцијата.
-Нашата визија е држава која ќе биде целосно дигитална, транспарентна и ефикасна. До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Секој граѓанин ќе има свој дигитален идентитет и пристап до сите институции преку мобилен телефон. Ќе создадеме генерации со дигитални вештини – ученици кои ќе бидат конкурентни со своите врсници во Европа. Ќе градиме систем на сајбер-безбедност што ќе гарантира доверба во дигиталното општество, истакна премиерот.
Деск
Мицкоски на WBDS 2025: Како млад стипендист гладен за знаење отидов од државата, кога се вратив сакав знаењето да го пренесам на студентите!
2 Mins Read

