АМСМ информира дека од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловозот.
Исто така, иста забрана од 19.55 часот има и за патниот правец Гостивар – Стража.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, земјава се наоѓа под влијание на студен бран, кој донесе нагло опаѓање на температурите. И за утре се очекуваат уште пониски температури, со можност за нови врнежи од снег на повисоките места.
Деск

