Четири лица од Скопје во изминатите два дена биле пријавени во полиција како исчезнати, од кои двајца тинејџери во ист случај, а пак уште две други возрасни лица во одделни случаи.
Исчезнатите се на возраст од 13, 16, 31 и 66 години, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во Полициската станица Бит Пазар Б.И.(36) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко М.И.(66). Исто така, вчера во 00:10 часот во Полициската станица Бит Пазар А.И.(41) од Скопје пријавил дека од неговиот дом се оддалечиле Н.Ј.(13) и А.С.(16), кои биле во згрижувачко семејство кај пријавителот.
На 04.10.2025 во 10:30 часот пак, во Полициската станица Чаир Л.М.(52) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син Ф.М.(31), кој имал здравствени проблеми, известија од МВР.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Деск
Previous ArticleПензионер прегазил две девојчиња на возраст од 12 и 13 години

