Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја пренесува информацијата од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје дека на ден 05.10.2025 година, поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф-600 мм на улица „Франце Прешерн“ бр. 100Д, во населбата Влае, со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, а во останатите делови ќе има намален притисок.
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје се на терен и работат на санација на дефектот.
Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на работните активности, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Деск
Прекинато водоснабдување во голем дел на Скопје поради сериозен дефект на водоводна цевка
1 Min Read

