Познатиот маратонец Игор Јакимовски, офицер во АРМ, вчера трчаше на Скопскиот маратон носејќи црна лента на градите. Како што потоа објави на својот Фејсбук профил, истата ја носел во знак на почит кон жртвите во пожарот во Кочани и нивните семејства, и и порача на јавноста, никогаш да не се заборави трагедијата која однесе 62 животи.
-Болката е голема… Тагата во душата уште поголема до крајот на животот.
Секогаш ќе ме боли за 62 ангели кои трагично загинаа во пожарот во Кочани.
Тој кобен 16-ти март ми остави длабока трага во душата и срцето како сведок на многу трагични сцени. Никогаш нема да ги избришам од моите сеќавања.
Црната лента никогаш нема да ја загубам како знак на почит до жртвите и нивните семејства. Никогаш да не се заборави, порача Јакимовски.
Тој се занимава со атлетика повеќе од три децении и зад себе има десетици домашни и меѓународни маратони. Исто така, неколку години наназад работи и како тренер со познати имиња од атлетиката.
Деск
Јакимовски трчаше на Скопскиот маратон со црна лента: Никогаш да не се заборави Кочани!
1 Min Read

