Приведена е жената која без гуми на десната страна на автомобилот Рено Клио возела со километри, додека прскале искри на сите страни на коловозот, но и претекнувала возила на полна линија, со ширум отворен багажник, соопшти хрватската полиција, а веста се објави во тамошните медиуми.
Фотографии од несекојдневната случка, но и видео снимки од истата вчера ги преполнија хрватските медиуми.
-Жената е лишена од слобода и донесена во просториите на полицијата поради загрозување на безбедноста во сообраќајот. Повеќе детали ќе соопштиме во тек на наредниот ден, изјави Сања Баљкаш, портпарол на полицијата во Шибеник.
Инаку, жената без гуми на автомобилот се движела на патниот правец Шибеник – Лозовац.
Деск
Фото: Морски.хр

