Поранешниот премиер Зоран Заев, по подолг период се огласи на социјалните мрежи. Во своето јавно обраќање, тој тврди дека премерот Христијан Мицкоски лаже за наводни куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија, и додава дека експерти за куфери со пари биле неговите поддржувачи и финансиери, кои плаќале сметки за струја во Белата палата.
-Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува на целата држава.
Неспособноста да испорача макар и еден единствен резултат во која било сфера од општеството и политиката, залиена со неговата самобендисаност и аздисаност ќе го турне во политичка провалија. Но, ќе мораме да внимаваме да не ни ја повлече и државата со себе во таа провалија.
Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни ,,куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија” како невистини и како очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси кон неговите измислици.
А, кога сме веќе кај куферите, видовме во снимките што сами си ги пуштија во јавност дека експерти за куфери со пари се токму неговите поддржувачи и финансиери. Оние за кои се фалеше дека му ги плаќале сметките за струја во Белата палата, оние несудени бугарски конзули и осудени криминалци пуштени да се бранат од слобода за да ја напаѓаат опозицијата, објави Заев.
Ова е едно од неговите јавни обраќања по подолг период, бидејќи откако се повлече од политичката сцена, живее подалеку од очите на јавноста.
Деск
По долго време се огласи Зоран Заев: Мицкоски лаже за куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија!
2 Mins Read
Previous ArticleПриведена жена која возела автомобил без гуми со километри!

