Од ранецот на девојка од Кавадарци и бил одземен паричник, додека се возела во автобус во Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, А.Г.(19) од Кавадарци пријави дека околу 16:30 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Кисела Вода, едно лице од ранецот и го одзело паричникот со пари и лични документи, известија од МВР.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Деск

