Популарниот босански пејач Халид Бешлиќ почина на 71-годишна возраст, јавија босанските медиуми. Изминативе неколку месеци тој беше хоспитализиран на Оддел за онкологија, но точни детали за неговата здравствена состојба не беа објавени.
Музичарот кој зад себе остави 18 албуми, беше регионално популарен уште во осумдесеттите години на минатиот век, а неговите хитови и денес се слушаат.
Во земјава последен пат гостуваше во септември 2023 година, во Кавадарци на манифестацијата Тиквешки гроздобер.
Тогаш ја расположи и распеа бројната публика на градскиот плоштад, а потоа му се заблагодари на градот со видео објавено на неговиот Јутјуб канал.
Уште пред две години, за време на гостувањето во Кавадарци не криеше дека не е најдобар со здравјето и кажа дека е во години кога мора добро да внимава на себе.
Покрај него, на манифестацијата тогаш настапија и Харис Џиновиќ и Лепа Брена.
Вики Клинчарова
Почина Халид Бешлиќ: Последен пат гостуваше во земјава пред две години и му се заблагодари на Кавадарци со видео
1 Min Read
Previous ArticleДевојка од Кавадарци ограбена во автобус во Скопје

