Ќе продолжам да работам како доктор и ќе работам за заедницата, вели Игор Кузмановски (53), разрешениот директор на Универзитетската клиника за неврологија, по видеото со консумирање дрога кое вчера протече во јавност.
На социјалните мрежи тој напиша дека се кае и се извинува, и дека бил подготвен да живее со неговите подеми и падови.

Откако вчера се појави видеото на кое Кузмановски меша бела прашакста материја и зборува за дроги и шмркање со друго лице, кое најверојатно го снима видеото, Министерството за здравство донесе решение за негово разрешување.
Тој беше на функцијата раководител на Клиниката за неврологија само два месеца. Специјалист – невролог е, и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
Деск

