Со свечено сечење на лента, во неготинската населба Тимјаник започна првото издание на фестивалот за вино и ракија Лоза. Настанот е во организација на Здружение за зајакнување на заедницата за промени од Тимјаник и АВАНГАРД ПРОДУКЦИЈА 2023 Прилеп, и во тек е првиот дел од програмата.
Поставен е казан за варење ракија, а локални производи се изложени на штандовите.
Вториот дел започнува во 18 часот, и се очекуваат голем број на посетители за кои е подготвена богата забавно-музичка програма.
Ќе настапат Оливер и Вера од групата Љубојна, Даниела Темелковска, Вера Јанковиќ, MOODFELLAS од Охрид, а водителка ќе биде стендап комичарката Надица Петрова. Програмата ќе трае до доцните часови.
В.К.

