Голем број на посетители привлече првото издание на фестивалот за вино и ракија Лоза, кој се одржа во неготинската наслеба Тимјаник. Покрај локалното население, дојдоа и гости од околните општини, кои дегустираа ракија и вино од домашни производители, и се забавуваа со репертоарите на музичките гости.

Мештаните задоволни ја пренесоа пораката дека и малите места во земјава се желни за забавни настани и промоција на истите, со цел да се слушне гласот дека и овде можат да се понудат настани со добра содржина кои ќе привлечат посетители и со тек на време ќе станат препознатлив бренд.
Фестивалот, кој се стреми да стане традиционален, да расте и да привлекува посетители секоја година беше во организација на Здружение за зајакнување на заедницата за промени од Тимјаник и АВАНГАРД ПРОДУКЦИЈА 2023 Прилеп.
За ВИКИМЕДИА, организаторите велат дека се задоволни од посетеноста и од убавите спомени кои ќе им остананат на гостите од фестивалот.
Додаваат дека покрај едукативниот дел, кој се одржа во тек не ден, кога на штандови беа изложени локалните производи, се потрудиле и во вториот, забавен дел да понудат забава за сите музички вкусови.
Оливер и Вера од групата Љубојна, Даниела Темелковска, Вера Јанковиќ, MOODFELLAS од Охрид и водителката и стендап комичарка Надица Петрова се покажаа како одличен избор, и ги расположија присутните со своите изведби.
-Наредната година, мотивирани од сегашното искуство, одиме со уште посилно темпо, затоа што малите места во земјава имаат што да понудат и заслужуваат да се најдат на мапата со свои, препознатливи и уникатни настани, порачаа организаторите на Лоза.
Вики Клинчарова

