Босанската музичка ѕвезда Халид Бешлиќ, кој почина на седми октомври во својата 72-ра година, ќе биде погребан утре, на градските гробишта во Сараево.
Како што пренесуваат босанските медиуми, се очекувале околу 30.000 луѓе на неговиот погреб, поради што полицијата формирала посебни единици.
Ќе почивал во близина на неговиот пријател и колега Кемал Монтено. Монтено пак, почина пред десет години, а за него Халид раскажуваше дека биле како браќа.
Кога починал, токму Халид го избрал неговото гробно место, а често спомнуваше дека најмногу жали што никогаш не снимиле дует.
Деск

