На 15-ти октомври со почеток од 19.30 часот во Фоајето на Центарот за култура Битола ќе се одржи изложба на фотографии – Чоканче.
-Да ја погледнеме рок приказната што ја напишаа членовите на ЧОКАНЧЕ!
Од првиот настап на 12 март 1983 година на „Рок Парадата“ во салата на кино „Партизан“, па сè до денес — Чоканче останува симбол на битолскиот бунт, енергија и музичка автентичност, порачаа од Центарот за култура Битола, и ги повикуваат граѓаните да ја посетат изложбата.
-Со авторски песни снимени за Радио Битола и МРТ, со бројни настапи и искрена љубов кон публиката, групата повеќе од четири децении ја чува својата искра жива.
Посетете ја изложбата на фотографии и запознајте ја приказната на една генерација што го промени звукот на градот, истакнаа од центарот.
Деск

