Родители на младинци кои загинаа во пожарот во таканареченото кабаре Пулс во Кочани најавија дека од денес ќе започнат со секојдневни блокади на улици низ градот.
Бараат да не се одолговлекува судењето, да се зголеми капацитетот со дополнителни судии, бидејќи не сакаат да чекаат и 15 години за вистината.
-Бараме итна акција од институциите, за да не се одолговлекува процесот! Секој ден без правда е нова рана за нас, порачаа родителите, кои планирале да блокираат сообраќајници се додека не започне судењето на обвинетите во случајот.
Деск

