Маж на возраст од 44 години ја пријавил во полиција својата партнерка, затоа што намерно му го оштетила возилото, а потоа и физички го нападнала, информира Министерството за внатрешни работи. Настанот се случил во вечерните часови вчера, а тој пријавил во полиција во 03.20 часот наутро.
-На 17.10.2025 во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека на 16.10.2025 околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.
Деск
Фото: Илустрација

