Двајца мажи кои делеле изборен материјал, првин добиле закани од две лица од друга политичка партија, а потоа едниот од заканувачите и физички ги нападнал. Настанот се случил вчера претпладне, а го потврди Министерството за внатрешни работи.
-На 16.10.2025 во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К.(32) и И.С.(33), двајцата од Куманово, пријавија дека во населбата Средорек во Куманово, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р.Ш. физички ги нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, изветсија од МВР.
Деск

