Започнато е реновирање на куќата во која пораснал легендарниот српски фолк пејач Тома Здравковиќ, во малото место Печењевце, кое се наоѓа на пет километри од Лесковац.
Како што пренесуваат српските медиуми, локалните жители започнале со реновирањето и поставиле нов кров, а сега се работело и на средувањето на внатрешниот дел. Една од собите било планирано да остане сосема иста, како во времето кога Тома растел во неа, а пак друга соба ќе била уредена како музеј.
Како што раскажуваат мештаните, Македонците биле најбројни посетители во селото, и сакале да ја видат куќата во која растел музичарот, а доаѓале и туристи од Словенија, организирано, со автобуси.
-Здравковиќ пораснал овде, и со финансиска помош на мештаните неговата куќа ќе стане музеј и место кое ќе му носи посетители на селото. Сакаме да го разубавиме нашето село и да го оживееме, истакнале жителите на Печењевце.
Деск

