Дури 3.32 промили алкохол во крвта му биле измерени на кавадарчанец, кој со возило Застава 101 учествувал во сообраќајна несреќа, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес. Истиот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Неготино.
-На 17.10.2025 во 19:20 часот, во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци.
При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко возило „застава 101“ со неготински регистарски ознаки, било утврдено дека С.Ф. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,32 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, известија од секторот.
Деск
Приведен кавадарчанец во Пепелиште, со 3.32 промили алкохол учествувал во сообраќајка
1 Min Read
Previous ArticleFLOWERS SYMPHONY – Симфонија на цвеќињата за првпат во Скопје со Битолски Камерен Оркестар
Next Article Масовна кафеанска тепачка во Демир Капија

