Масовна тепачка се случила синоќа во Демир Капија, во угостителски објект, а во истата учествувале повеќе лица. Како што известија од полицијата, се тепале лица од Прждево, Глишиќ, Демир Капија и уште неколкумина, за кои нема официјални потадоци од каде се.
-На 17.10.2025 во 23:30 часот, во ОВР Неготино е пријавено дека во угостителски објект во Демир Капија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Т.(42) од село Прждево, демиркаписко и П.Т.(45) од село Глишиќ, кавадаречко, од една страна и Г.Т.(29) од Демир Капија и неколку други лица, од друга страна, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес, од каде додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Деск
Фото: Илустрација

