Tесна e битката во Неготино, Валандово, Македонска Каменица, Ранковце… објави Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, истакнувајќи дека од досега пристигнатите резултати очекуваат победа во Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново Облешево, Кривогаштани и Богданци. Тврдат дека воделе и во Дојран и Лозово, но таму најверојатно ќе имало и втор круг на гласање.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, веќе слават победа во Штип, Охрид, Градско, Струмица, Велес, Гевгелија, Бутел, Илинден, Аеродром, Битола, Делчево…
Првичните официјални резултати од Локалните избори се очекуваат после полноќ.
Деск

