Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој се бореше за трет мандат на Локалните избори, пред малку прогласи победа. Вели дека тоа не е само негова лична победа, туку е на народот, и на сите кои веруваат во посветена работа и силна Македонија.
-По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати!
Соодноста е неверојатна – 7:1 за работа, чесност и резултати!
Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија!
Ви благодарам од срце за огромната поддршка, за довербата и љубовта што ја покажавте!
Голема чест е повторно да го имам вашиот глас и вашата вера во мене и во тимот.
Голема благодарност и честитки до советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, до сите кои застанаа зад оваа победа, со работа, со идеја, со срце и душа!
Продолжуваме уште посилно, со истата љубов и со уште поголема одговорност.
Кавадарци да биде пример за развој, чесност и успех!
За Кавадарци, за Македонија, со срце и душа, истакна Јанчев.
В.К.

