Општина Демир Капија ќе избира градоначалник во вториот круг на Локалните избори кој ќе се одржи на втори ноември. Според резултатите од Државна изборна комисија, од 3.186 избирачи во избирачкиот список, вкупниот број на избирачи кои гласале е 2.252. Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња е 2.154, пак неважечки се 98 ливчиња.
Лазар Петров од СДСМ кој се бори за трет мандат освоил 974 гласови, односно 43,25 проценти од гласовите, Наталија Димитриева од ВМРО-ДПМНЕ освоила 1.006 гласови, односно 44,67 проценти, Зоран Петров од Група избирачи Зоран Петров освоил 58 гласови, односно 2,58 проценти, Стивен Петковски од Група избирачи Стивен Петковски освоил 17 гласови, односно 0,75 проценти и Блаже Димитриев од Група избирачи Блаже Димитриев освоил 99 гласови, односно 4,40 проценти.
Во општинскиот Совет пак, пет мандати освиле кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, а четири мандати – СДСМ.
Деск

