Општина Неготино ќе избира градоначалник во вториот круг на Локалните избори, кој ќе се одржи на втори ноември. Според резултатите објавени од Државната изборна комисија, во избирачкиот список има 15.920 гласачи, а вкупниот број на избирачи кои гласале е 9.176.Бројот на важечки гласачки ливчиња изнесува 8.497, а пак бројот на неважечки гласачки ливчиња е 679.
Кандидатот на СДСМ, Петар Мантев освои 3.848 гласови, односно 41,94 проценти од гласовите, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Нацева освои 4.504 гласови, односно 49,08 проценти од гласовите, а пак кандидатката на Демократи, Јасминка Ристова освои 145 гласови, односно 1,58 проценти од гласовите.
Според резултатите од изборите на Совет за општината, ВМРО-ДПМНЕ има освоено осум мандати, СДСМ има освоено пет мандати, Левица има освоено еден мандат и МААК има освоено еден мандат.
Во вториот круг граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Мантев и Нацева.
Деск

