Актерот Александар Микиќ ја одигра јубилејната 50-та претстава на монодрамата ,,Торонто експрес” во МНТ, а јубилејот го прославил со торта.
Фотографии од одбележувањето на 50-та изведба на монодрамата објави министерот за култура, Зоран Љутков, кој му посака на Микиќ и 100-та изведба на претставата.
-Голема храброст е педесет пати да се соочиш со публиката – сам, на сцена, во монодрама.
Таква професионална зрелост покажа мојот колега Александар Микиќ, кој со монодрамата „Торонто експрес“, работена според мотивите на збирката есеи од Зоран Спасов-Ѕоф, создаде исклучително сценско остварување што го збогатува македонскиот театар и ја потврдува вредноста на индивидуалниот актерски пристап.
Во атмосферата на малата сцена во Македонскиот народен театар, „Торонто експрес“ ја доживеа својата јубилејна 50-та изведба, со заслужени аплаузи и признание за екипата.
Искрени честитки до мојот колега Александар Микиќ, до режисерот Јордан Симонов, до авторот Зоран Спасов-Ѕоф како и до целиот тим на МНТ, кои со својата посветеност ја одржуваат високата уметничка вредност на нашата сцена.
Честитки за 50 изведби – и нека „Торонто експрес“ ја доживее и својата 100-та изведба, со иста сила, страст и љубов кон театарот, порача Љутков.
Деск

