Премиерот Христијан Мицкоски на својот британски колега, Кир Стармер на нивната тет-а-тет средба што вчера ја имале на маргините на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, во Лондон, му ја предложил својата идеја за штитење на нашата јужно-источна граница, а воедно и на Европа, од нелегалната миграција.
Како што објави Владата, според Мицкоски, добредојдени биле британски експерти, британска експертиза, полициски офицери и припадници на Армијата на Британија, за да заедно со наши припадници ја штитат границата.
-Во делот на нелегалната миграција, нашиот став е апсолутно јасен дека ние практично ја браниме Европа од Европа, бидејќи кај нас мигрантите реално од земји членки на ЕУ нелегално влегуваат.
Ја изнесов оваа идеја и пред премиерот Стармер, за време на билатералната средба, дека би биле добредојдени британски експерти, британска експертиза, па дури и полициски офицери, припадници на Армијата на Британија, да заедно со нашите припадници ја штитиме нашата јужно-источна граница од нелегалната миграција и на тој начин да ја штитиме и Европа, ја презентирав нашата отворена покана, истакна премиерот.
Деск
Мицкоски имал идеја полициски офицери и припадници на Армијата на Британија заедно со нашите припадници да ја штитат границата од нелегални мигранти
1 Min Read

