Со тешки телесни повреди се здобил маж на возраст од 71 година, откако управувајќи четирицикл, изгубил контрола над возилото и удрил во ѕид од куќа, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4“ во с.Стајковци, скопско, Г.Р.(71) од Скопје, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од МВР.
Деск

