Од ЈП Комуналец Кавадарци информираат дека се надградува нивниот возен парк и се зајакнуваат капацитетите на јавното комунално претпријатие, се со цел граѓаните да добијат квалитетна и навремена услуга.
-Денес во просториите на ЈП Комуналец Кавадарци пристигнаа две нови возила за износ на смет. Возилата се комплетна донација од Вардарски плански регион во соработка со Општина Кавадарци.
Вредноста на набавката изнесува 3 800 000 денари од кои 600 000 денари се кофинансирање од Општина Кавадарци, соопштија од претпријатието.
Вчера пак, три современи камиони за собирање и пресување на смет од Кавадарци беа испратени во Скопје, да помогнат со проблемот со насобраниот смет.
Како што појасни кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за ВИКИМЕДИА, нивниот возен парк имал 12 современо опремени камиони за собирање на смет, од кои осум секојдневно работеле низ општината, додека четири од нив постојано биле во приправност. Од денес таа бројка се зголеми со уште две возила.
В.К.
Возниот парк на кавадаречки Комуналец постојано се надградува: Денес пристигнаа две нови возила за износ на смет!
1 Min Read
Previous ArticleТешко повреден пензионер кој со четирицикл удрил во ѕид од куќа!
Next Article Штип ги живее Макфестовските денови!

