Во Штип се одржува 40-то, јубилејно издание на фестивалот на забавни мелодии ,,Макфест”, а годинава за најслушана песна помеѓу двата фестивала е прогласена ,,Жена” на Антониа Гиговска.
По повод јубилејот, наместо две вечери, фестот трае три, и вечерва настапуваат познати музички имиња кои во годините наназад оставиле траг на ,,Макфест” со свои хитовски песни.
Веќе неколку години настанот е ревијален, за разлика од минатото кога се доделуваа високи парични награди.
За време на одржувањето на фестивалот, традиционално секоја година градот е полн со посетители, како со музички гости и нивните тимови, така и со љубители на забавниот македонски мелос.
МТВ врши директен пренос од ,,Макфест” со почеток од 20.00 часот.
Б.Н.

